gogo

A+ R A-


„Ренџерите“ донираа на социјално загрозени семејства во Кратово и Крива Паланка

Е-пошта Печати PDF

altВо пресрет на новогодишните празници, Полкот за специјални операции во АРМ донираше пакети со храна, облека и обувки на десеттина социјално загрозени семејства во Кратово и Крива Паланка.Популарните „ренџери“ ја продолжува својата традиција да бидат во континуитет поврзани со заедницата, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога. Донацијата се состои од најнеопходни производи потребни за егзистенција на едно семејство, а кои ги дистрибуираат низ целата република, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови. 
-Припадниците на македонските Ренџери од специјалните единици на АРМ денес го донираа својот оброк на социјално загрозените лица во Кратово и Крива Паланка. Секоја година „ренџерите пред новогодишните празници го донираат својот оброк на социјално загрозени лица низ цела Македонија.Оваа година решија тоа да бидат семејства од Кратово и Крива Паланка и со тоа сакаат на овие семејства новата година да им ја направат посреќна, повесела и побогата – истакна Драган Максимовски, мајор во ренџерската единица на АРМ.
Семејствата изразија благодарност до единицата „ренџери“ за нивната хуманост. Во знак на благодарност, од Центарот за социјални работи во Кратово на „ренџерите“ им подарија македонско знаме изработено од децата со посебни потреби од Кратово. О.А.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.