gogo

A+ R A-


Успешно завршен проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“

Е-пошта Печати PDF

Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка ги заврши активностите од проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“,кој беше реализиран во изминатите 8 месеци. Во проектот беа опфатени 80 ученици од 9-то одделение од општинските основни училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден„ од Крива Паланка, „Х.Т.Карпош“ од Ранковце и „Кочо Рацин“ од Кратово. Беа спроведени повеќе проектни активности за формирање на критичко мислење кај младите, препознавање на лажни вести, заштита од интернет злоупотреби и креирање на медиумски пораки.
-Основците ги зајакнуваа медиумските вештини преку интерактивни и креативни работилници, со практични методи за препознавање и селекција на информациите што стигнуваат до нив, нивно разбирање и градење на критичен став. Истовремено, беа едуцирани како да бидат сигурни и безбедни на интернет, како да се заштитат од интернет злоупотреби, но и да ги почитуваат правилата за добро однесување во интернет комуникацијата, со покажување на инклузивност и емпатија, беше истакнато на завршната online прес конференција на Центарот за аудиовизуелни уметности.

Во рамките на проектот изработени се и дистрибуирани 15 едукативни прилози и 10 видео пораки за медиумската и дигитална писменост.

-Поради корона вирусот и затворањето на училиштата некои активности беа преобразени, пред се, планираните младински акции за медиумска писменост. Тие беа прилагодени на online дебати за предизвиците, што беа наметнати од здравствената криза, односно на дигиталното образование и јавниот настап и јакнењето на самодовербата кај младите при online комуникацијата, посочи проект координаторот Жаклина Цветковска.

Направените анализи од спроведените анкети меѓу основците покажаа дека благодарение на учеството во проектот, медиумската писменост кај нив е зголемена за 29%, а знаењето за сигурност и безбедност на интернет за 71,75%.

Проектот беше спроведен во соработка со медиумскиот партнер www.aberdzija.com, во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, што го реализираат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии „ЕВРОТИНК“, финансиран од Европската унија.
alt
ОНЛАЈН ЗАВРШНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

ОНЛАЈН ДЕБАТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КРИВА ПАЛАНКА, КРАТОВО И РАНКОВЦЕ




Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6333
mod_vvisit_counterВчера7535
mod_vvisit_counterОваа недела26459
mod_vvisit_counterМинатата недела45193
mod_vvisit_counterОвој месец52002
mod_vvisit_counterМинатиот месец182540
mod_vvisit_counterВкупно13035534
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.