gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Бора Чорба го наполни Кратово, 5000 луѓе пулсираа на звуците на „Рибља Чорба“

altпишува - Оливер Арсовски
По
вчерашната експлозија од емоции и позитивни вибрации на втората фестивалска вечер на „Златни денови“, Кратово денес се разбуди облеано од сонце. Настапите на култната Рибља чорба и рок-поезијата на Бора Ѓорѓевиќ ја кренаа атмосферата во градот на кулите и мостовите. Дека култниот српски состав е феномен, доказ е рекордниот број посетители на плоштадот во малото живописно место. Олку народ, по слободна процена над 5.000 луѓе, Кратово досега не видело. Колоните возила кои пристигаа од Куманово, Крива Паланка, Пробиштип, Кочани, Штип уште на влезот од градот беа враќани назад, затоа што градот беше преполн, буквално вриеше како во мравјалник. Интересно беше да се види како улицата „Гоце Делчев“ од стаклара па се до бензинската на Макпетрол беше наредена со автомобили од двете страни. Новиот бран автомобили од полицијата беше пренасочен кон болницата во Кратово, улицата кон населбата Зорле, а се исполни и улицата „Вера Јоциќ“ која води кон стадионот на Силекс. По овој сообраќаен хаос, јасно стана дека ѕвезда како Бора Чорба концерт мораше да прави на стадионот во Кратово, затоа што многумина, за жал, не успеаја да се изборат за позиција од која се гледа бината и останаа куси за визуелно уживање. Но, сето тоа се заборави кога згрмеа моќните гитари на „Рибља чорба“ и се разлеа гласот на зарипнатиот фронтмен на култната балканска група. Блицеви, врескање, кренати раце и насмевки – Кратово одамна немало толку многу позитивна енергија збиена во една вечер. Се редеа хитовите еден по еден, првин поновите, а потоа и старите добри хитови како „Лутка са насловне стране“, „Авиону сломичу ти крила“, „Два динара друже“, „Остани џубре до краја“... Подостарениот Бора, со 64 години на плеќите, по 90 минути непрекинато пеење, се чини на кратко како да го загуби гласот, доволно да помислат фановите дека тука некаде е крајот на забавата. Но, Бора не би бил Бора, се напи чаша вода, се потпре на стативот за микрофонот, и распали уште пожестоко. Таму некаде по 1 часот, ја испеа култната „Анџеле“, потоа отпеа заедно со публиката „а капела“ уште еден-два хита и ја спушти завесата на овогодишните „Златни денови“
Кратово дефинитивно заслужи да ги живее своите златни денови.

http://www.facebook.com/ZlatniDenoviKratovo/?fref=ts

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3729
mod_vvisit_counterВчера3342
mod_vvisit_counterОваа недела20161
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец129922
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8554140
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.