gogo

A+ R A-


Дедо Мраз, сакам Ајфон 6, а може и ЛГ Г3

altНа старт да расчистиме со една стара заблуда. Во ова модерно време никој веќе не посакува Дедо Мраз да му донесе пакетче полно со чоколади, ниту тренерки или патики. Денеска дедомразовската желба на младите е најнов модел на телефон, по можност Ајфон, Самсунг, ЛГ или ХТЦ, евентуално таблет од понапредна генерација. Само што тие желби не се упатени до Дедо Мраз, туку до Тато Мраз, евентуално Баба Мразица ако има висока странска пензија.
П.С. Се навикнавме да слушаме кукања од типот сиромаштија е, едвај се врзува крај со крај. Одвај се снаоѓаме да им дадеме на децата по 40 денари за појадок, плус 30 денари за пладневно кафе. Ама, ситуацијата на терен не изгледа така. Во еден средношколски клас во Кратово, во кој нема деца на директори, големи бизнисмени и разноразни богаташи, децата поседуваат „арсенал“ од телефони чија вредност воопшто не е за потценување. altНа тестот децата ги оставија телефоните на купче, а само една груба пресметка на вредноста на телефоните (мислам на цената на нов телефон, иако повеќето се дел од некој претплатнички пакет) изнесува не помалку од 3-4 илјади евра.
Е па на здравје. Ако судиме по телефоните, сиромаштија во оваа наша држава нема. Иако изговорот на родителите секогаш е дека за среќата на нашите деца подготвени сме и да скратиме од наша уста.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2887
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9252
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37162
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264749
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.