gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Драг Аристотеле, добредојде во нашата училница!

alt„Драг Аристотеле, ми се роди син. Многу сум им благодарен на боговите, не затоа што ми се родил син, туку затоа што се родил тогаш кога ти живееш. Се надевам дека одгледан и воспитан од тебе, ќе биде достоен за нас и за власта што ќе ја наследи“. Со овие зборови македонскиот крал Филип II го поканил големиот антички филозоф Аристотел да се пресели во Пела за да биде учител на Александар Македонски.
1671-на година подоцна, додека ја раскажував приказната за Аристотел на часовите по филозофија во кратовското средно училиште, блеснаа очите на едно младо момче, сместено во првата клупа. Исто како пред 6-7 години, кога приказната за Сократ беше причината поради која Емран Мустафов ни подари прекрасен ликовен портрет од блескавиот грчки филозоф и етичар. Историјата се повторува во циклуси, рекол некој. И не згрешил. Десетина дена по лекцијата за Аристотел, случката со Емран Мустафов се реинкарнира во случката со Мартин Ангеловски. Стигна уште едно ненарачано, но посакувано уметничко дело од вештата рака на Мартин, кој самиот призна дека делото го работел во еден здив, од шест навечер до доцна во ноќта.
Приказната ќе ја завршам како што ја почнав.
„Драг Аристотеле, се роди твојот портрет во нашата училница. Многу сум благодарен на Бога, не затоа што те имам во училницата, туку затоа што си неисцрпна инспирација за креативни потфати на учениците кои те запознале“.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1267
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32462
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142223
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566441
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.