gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Колумна за убавината: Божествените глинени Венери и Афродити на грнчарот Славе

Грнчарството е стар занет, уште од праисторијата на човештвото. Денес малкумина го работат, оти е тежок и валкан занает. Се поретко се бара земјано садче за тавче-гравче. Ама занаетот може да падне во криза, но никогаш нема да исчезне. Еден таков мајстор на занаетот уште опстојува во Кратово. Се вика мајстор Славе. Се поретко ги замачкува рацете со глинената кал, но одвреме-навреме, ќе извади по некоја стомна од својата работилница. На моја голема среќа и фотографска радост, го начекав во едно сончево неделно пладне како ги спрострел своите преубави стомни, како голи убавици. Се сончаа надвиснати над коритото на Табачка река. Чиниш, намерно и бесрамно ги покажуваат своите облини, како да се божествени Афродити и Венери кои секој миг ќе ги обросат своите прекрасни тела во водите на Табачка река. Ги гледав долго време и им се насладував на убавината. Длабоко во себе му се восхитував на мајстор Славе, му завидував на неговите мајсторски раце кои ги галеле облите Венери и Афродити пред да бидат изнесени на сончање, пред очите на возбудените Ерот и Адонис.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1208
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32403
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142164
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566382
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.