gogo

12805901 1736726103226190 7018339300294085335 n

A+ R A-


Приказна за цвеќето, зракот, погачата, ведрината...

alt37 генерации ученици, неколку илјади ученици од Кратово и околината имале прилика да ја запознаат. Тие што имале прилика да бидат блиски со неа, велат дека од неа блика нескротлива енергија. Не ти се потребни повеќе од пет минути за да ја забележиш огромната добрина и човечност во неа. Најчестиот збор во нејзиниот богат речник е зборот ЗРАК, како симбол за нејзината ведрина и во најтмурните денови кои понекогаш се надвиснувале над нас.
Почитувани, да не должам. Ако воопшто некој имал дилема за кого пишувам во претходните неколку реда, да ја разрешам таа загатка.
ДАРА ЕФРЕМОВСКА - КОЦЕВСКА!
Моја колешка, ваша професорка, нечија соседка или пријателка. Личност на која секогаш можете да се потпрете, да побарате совет, едноставно да поразговарате кога ви е потребен зрак светлина, надеж, ведрина, поддршка, оптимизам. Вчера наполни 62 години, за неколку дена ќе замине од оваа наша благородна професија, која за жал се помалку ученици ја перципираат како таква. Можеше уште денес да замине на заслужен животен одмор, но посака да остане барем уште десеттина дена, да ја истера генерацијата до крај, до 10 јуни.
Колешке Дара, да Ви посакам од мое лично име, од име на колегите и Вашите ученици, да имате долг и среќен пензионерски живот, исполнет со радост, среќа, здравје и љубов кон саканите.
П.С. Не можам, а да не додадам уште неколку збора за хуманата страна на колешката Дара. Нејзиното искрено почитување и емоции кон луѓето се огледаа во еден нејзин гест, кога за поголеми празници, 8 Март или родендени, ќе напишеше кусо писменце „извезено“ со прекрасни зборови и пораки, ќе го спакуваше во плик со машничка, ќе купеше чоколадо или бонбони и ќе го подареше на колега, на негова сопруга или на неговите деца.
Посебна приказна е денот кога во нашето училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово се врши упис на ученици во прва година. Комисијата уште не стигната на работната позиција, а веќе на масата за прием на документи колешката Дара послала букет со свежо цвеќе, минерална вода и прекрасна, ровка и топла погача со миризливо нане.
Во иднина ќе ни недостига и цвеќето, и миризливата погача, и зборот „зрак“, и твоите омилени песни од Мирослав Илиќ, но најмногу ќе ни недостига Вашиот топол збор, почитувана Даре!!!

alt

Коментари

Cestitki i od moe ime i mene mi bese profesorka po makedonski jazik a vo ovoj moment koleska zatoa sto sum prosveten rabotnik odd.nastavnik.Neka si dozivee 100 godini i neka prodolzi so svoite ubavi postapki samo tie se pomnat i ostanuvaat zabelezani.Pozdrav i do ostanatite profesori vo gimnazijata.

0 GOLUPKA 2015-05-26 19:46 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.