gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Работнички собира „арач“

Мhttp://cache1.asset-cache.net/gc/483168646-players-of-rabotnicki-celebrate-after-gettyimages.jpg?v=1&c=IWSAsset&k=2&d=X7WJLa88Cweo9HktRLaNXhUiBhnGuIdxZK7clPY1h%2FqcMwJHphunj5JyKp%2FSdi36C1ry5HlmCqRthOh5GIn8Zw%3D%3Dалкумина веруваа дека Работнички ќе има сили да ја одбрани скромната предност во бучната арена во Трабзон. Ама, ете, за инает на скептиците, ја одбранија. И тоа со играч помалку цел час во маратон кој траеше 120 минути. Респект.
Поголемите скептици дури не веруваа дека Работнички ќе надополни по еден гол негатива од гостувањата кај Флора и Јелгава, ама и нивните усти беа затворени по скопските реванши.
Работнички е, верувале или не, во четвртото коло на Лига Европа, во плеј-оф фазата, каде го очекува противник од рангот на Борусија Дортмунд, Фенербахче, Ајакс. Сега е вистинскиот момент „романтичарите“ да го направат најголемото чудо, уште еднаш да ги затворат устите на скептиците и за прв пат македонска екипа да заигра во групната фаза на евро-натпреварувањата. А таму, е таму веќе се отвара трезорот кој значи милиони евра во клупската каса и џебовите на играчите. Не е за потценување ниту досегашниот „арач“, кој клубот го собра за трите успешни настапи. цифрата од 860.000 евра за учество во плеј-офот не е мала сума. Ако се додаде цифрата за ТВ права и продадени влезници, Работнички инкасира досега приближно милион евра.
Сепак, вистинско богатство ги чека доколку влезат во групната фаза на ЛЕ. УЕФА за учеството во групата ќе ги награди со неверојатни 2,4 милиони евра, плус 6 натпревари каде секоја победа се вреднува со 360.000 евра, а реми со 120.000 евра. Плус полн стадион против атрактивни противници, плус ТВ права, плус промоција и продажба на играчи.
Работнички заслужува почит. Работнички е пример како треба да се работи домаќински и да се ожнее успех. Работнички има се што му потребно за успех. Само нема публика. Да му помогнеме следната недела, да ја наполниме националната Арена и да дочекаме да гледаме европски фудбал до ноември.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1236
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32431
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142192
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566410
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.