gogo

A+ R A-


Се прави ли концерт со 13 души во публика? Драги кратовчани, заслужувате критика!

пишува - Оливер Арсовски

altКога човек ќе направи убаво дело, ред е да биде пофален. Кога ќе згреши, треба да ги издржи критиките. Епа, драги мои сограѓани, почитувани кратовчани, овојпат заслуживте негативни критики. Синоќа на платото пред Домот на културата во Кратово не беше воопшто пријатно да бидеш кратовчанец. А Зошто? Затоа што требаше да има концерт на извонредните музичари „Трио Дријада“, а публиката никаде ја немаше. Празни столчиња и малку разочарани музичари кои не се надеваа дека концертот ќе доживее фијаско. Бидна 20 часот, свирката требаше да започне, а музичарите неколку минути се „шушкаа“ на сцената, дури помислив дека сакаат да го откажат настапот. Во меѓувреме, професорот Љубиша Јордановки, кој седеше во последниот ред, ми дошепна дека пребројал дури 13 сведоци на концертот, меѓу нив и 3-4 мали дечиња.
Камен од срце ми падна кога ги слушнав звуците на кларинетот, флејтата и синтисајзерот. „Трио Дријада“ се вистински професионалци, проценија правилно дека концерт ќе се случеше доколку имаше и само еден посетител, а камоли тринаесет. Некои очекуваа здодевен концерт на класична музика со композиции кои првпат ги слушаат, но се случи музичка „катарза“ за малкуте присутни. Виртуозите почнаа со 3-4 извонредни преработки на унгарски чардаши и руски балалајки, за да продолжат со препознатливите звуци на „Македонско девојче“, „Море сокол пие“, „Елено, ќерќо“ и многу други прекрасни македонски песни во една поинаква „класична“ интерпретација. Аплаузот на тринаесетте посетители силно ги загреа срцата на триото музичари, кои ветија дека следното лето повторно би сакале да свират во Кратово.

Кога никој нема да се потруди да ни организира културен настан, имаме право да се лутиме. Кога некој ќе ти доведе врвни музичари бесплатно да ти ја наполнат душата со прекрасни звуци и позитивни вибрации, ред е да се собереме барем 100 души. А не 13.     http://www.aberdzija.com/

 

 

Коментари

Е овакој. У Пробиштип феноменалан фестивал со Пол Ван Дајк, Марк Најт, Џајковски и мн др. Струмица фестивал 5 дна, Радовиш бесплатен концерт на Тони Цетински, Крива Паланка настапуе Бајага. Кратовци не посетуат концерт у Кратово тој е само заради тој што имат многу подобра понуда во др градови. Да бидемо искрени, Кратово не може да живее на стара слава, а секојдневно муабет да е кој и дека се иселил. поздрав

+1 NikolaKratovo 2013-08-23 16:52 #2

Цитат

pred oblozuvalnica trebalo da se odrzi ke imalo barem 100 ...

+2 Ivanmaksimov 2013-08-23 15:46 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.