gogo

A+ R A-


10 милиони денари во 2016-та за економски развој нa Крива Паланка

altКрива Паланка ќе издвои 10,5 милиони денари за Програмата за локален економски развој (ЛЕР) за 2016 година.
Со Програмата  се утврдени развојните приоритети на општината кои ќе бидат насочени кон поддршка на локалниот економски развој, продлабочување на меѓуопштинската и меѓународната соработка, поттикнување на развојот на туризмот и поддршка на граѓанските здруженија.
Поддршката на локалниот економски развој ќе се реализира со безмалку седум милиони денари преку подготовка на проекти согласно стратегиските документи и годишните програми на општината -подготовка на апликации за пристап до средства од ЕУ фондовите, државни институции и други донатори, како и  учество на обуки, семинари и работилници.
За имплементација на проекти со средства од ЕУ фондови и регионални проекти во рамки на Центарот за регионален развој на Североисточниот плански регион се издвоени шест милиони денари, за меѓуопштинска и меѓународна соработка се планира да бидат потрошени околу 800.000 денари, а поттикнувањето на развојот на туризмот ќе се се финансира со 1,38 милиони денари. Средствата ќе се насочар кон создавање соодветни услови за искористување на конкурентните предности и дефинирање на туристичката понуда и производи преку претставување на општината на домашни и меѓуанродни саеми, организирање промотивни настани од различни области. Ќе се поставуваат и надстрешници за одморање на локалниот патен правец Крива Паланка – Калин Камен за што ќе се инвестираат 730.000 денари.
Со Програмата за ЛЕР за следната година се предвидува и поддршка на НВО секторот од Крива Паланка, а општината ќе издвои срества и за изготвување стратегиски документи за рурален развој, информатичка технологија и енергетска ефикасност.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2901
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9266
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37176
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264763
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.