gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Бугарски фудбалски навивачи дивееле во Крива Паланка

alt

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, што неколку часа беше блокиран од навивачи на фудбалскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, кои претходно на бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија. На пат кон Куманово се пресретнати од полицијата, но одбиле да бидат приведени и го блокирале патот.

Според податоците од Министерство за внатрешни работи, изутрината околу три часот автобус со бугарски регистрарски ознаки кој сообраќал на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија, излегле од автобусот и испишале графити со навредливи содржини за Македонија на бензинската пумпа.

Патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ, по што заминале од местото на настанот и се упатиле кон Куманово, бидејќи транзитирале низ Македонија кон Албанија.

Околу четири часот биле запрени од страна на полицијата од Полициска станица Куманово на автопатот А2, пред влезот во Куманово. Направен е претрес на автобусот, при што кај четири лица е пронајден доказен материјал, информираат од МВР. Патниците одбиле да бидат приведени и го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Околу 7 часот и 45 минути блокадата била отстранета, сообраќајот е нормализиран, но полицијата сè уште не ги привела лицата. Навивачите на клубот „Ботев“ се покрај патот, како и полицијата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска10951
mod_vvisit_counterВчера9277
mod_vvisit_counterОваа недела46063
mod_vvisit_counterМинатата недела62823
mod_vvisit_counterОвој месец170165
mod_vvisit_counterМинатиот месец141275
mod_vvisit_counterВкупно8022364
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.