gogo

A+ R A-


Францускиот амбасадор Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска организираше прием во својот кабинет за францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој е во посета на Општината по повод „Еуроп раид”, при тоа најави дека Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка, што ќе се официјализира на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на градот – 8 Октомври.

– Изненаден сум и трогнат, особено поради мојата почит кон се она што во вашиот град се прави за негување и почит на француската култура и јазик, рече Тимоние, кој посочи дека веќе бил прогласен за почесен граѓанин и на градот Дион во Грција.

Тој потенцира дека во тек е усогласување на текстот на договорот за соработка на Француската агенција за развој со Владата на Македонија. Додаде дека во тек се преговорите и изрази надеж дека наскоро ќе стартува соработката.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3520
mod_vvisit_counterВчера5847
mod_vvisit_counterОваа недела28240
mod_vvisit_counterМинатата недела50529
mod_vvisit_counterОвој месец200184
mod_vvisit_counterМинатиот месец207208
mod_vvisit_counterВкупно12779492
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.