gogo

A+ R A-


Крива Паланка ќе добие делумно нова водоводна мрежа

http://sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2015/december/132394655-25742.jpg?itok=RWWiSbmVСо програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка за 2016 година ќе се реализираат проекти за подобрување на водоснабдувањето во градот, ќе се градат нови водоводи и канализациски мрежи во градското и приградско подрачје и ќе се врши замена на азбестните цевки.

Преку проектот на Владата и ЕБОР „Водоснабдување и одведување отпадни води“ кој е долгорочен и се предвидува да заврши годинава, се очекува да бидат разрешени и надминати најголем дел од проблемите со водоснабдување во Крива Паланка. Со овој проект за општина Крива Паланка ќе бидат издвоени 1,2 милиона евра.

Програмата го опфаќа и проектот кој веќе е почнат „Водоснабдителен систем за висока зона на лев брег на Крива Река-основна и секундарна мрежа со изградба на водоснабдување на населба Маневци и населба м.в. змаевац во село Дурачка Река“ со кој ќе се изградат околу шест километри нова мрежа, резервоар и останати елементи. Овој проект се реализира со 23 милиони денари, финансии од Министерството за транспорт и Владата, а трбеа да заврши до крајот на годината.

Планирано е и финиширање на проектот за јавно приватно партнерство за изградба на четири мали хидроцентрали на Станачка река, две од кои се веќе пуштени во употреба.

Предвидено е и доизградба и санација на водовод во село Варовиште, поставување водомери на истиот, на водоводот во село Конопница на Селска Река и водовод „Балабанци-Вирови-Грамаѓе“, како и поврзување на главната воодоводна мрежа со селски водоводи во Конопница и поврзување висока зона нас. Домачки Дол со резервоар во населбата Баглак.

Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка за 2016 година ќе се изврши и замена на азбестно – водоводната мрежа со полиетиленски водоводни цевки, прва фаза.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1845
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела8210
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец36120
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16263707
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.