gogo

A+ R A-


Лани 65 кривопаланечки пенизонери си искористиле бесплатна бања

altВкупно 65 пензионери од општините Крива Паланка и Ранковце во 2014 година ги искористиле поволностите од проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација на Министерството за труд и социјална политика.

Од Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка информираа дека во 2014 година од вкупно поднесени 408 барања , 65 пензионери ја искористиле бесплатната услуга, додека во 2013 од поднесени 548 барања одобрени биле 66.

- Од 15 јануари до 16 февруари се врши аплицирање за бесплатна бањско климатска рекреација за корисници на пензија или бесплатен туристички викенд за 2015 година. На подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани вкупно 3.843 пензионери, а право да користат бесплатна бања имаат сите кои не ја искористиле услугата минатата година, информираа од ПИОМ.

Поволностите од проектот за бесплатна бања опфаќаат шест полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Од оваа година Министерството воведе и нова услуга за бесплатен туристички викенд која може да ја користат корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија. Услугата може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2015 година, во траење од 3 дена и опфаќа два полни пансиони и автобуски превоз до хотелските објекти во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.