gogo

A+ R A-


Никола Јовановски го фати светиот крст во Крива Паланка

palanka500Во водите на Крива Река по Богојавленскиот крст скокнаа 50-тина верници, а најсреќниот кој го извади крстот од водите на реката беше Никола Јовановски.

Како што јавува МИА чествувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици започна со Богојавленската литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка, по што беше спроведен чинот на фрлање на крстот во водите на Крива Река.

Локалната самоуправа на Крива Паланка како и секоја година за најсреќниот верник обезбеди награда. Никола Јовановски доби телевизор кој му го врачи градоначалникот на општината, Арсенчо Алексовски.

По фрлањето на крстот верниците се упатија кон градскиот плоштад каде се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада 2015“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.