gogo

A+ R A-


Почна презентирањето на искуствата од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност

Во периодот меѓу 28 септември и 1 октомври ќе се одржи серија јавни онлајн настани за претставување на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019 г. до јуни 2020 г. Токму денес беше првиот ден од претставувањето, а свои презентации имаа грантистите од Североисточниот и Скопскиот регион. Свое излагање за Североисточниот регион имаше Жаклина Цветковска од Центарот за аудиовизуелни уметности во Крива Паланка.

Агендата на секој од настаните опфаќа два дела. Во првиот дел преку кратки презентации грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведување на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите  релевантни чинители и институции.

Сите настани ќе бидат емитувани во живо и на Фејсбук преку официјалната страница на Критинк (facebook.com/kritink.mk). Настаните и дискусиите ќе бидат снимани и по завршувањето снимките ќе бидат јавно достапни онлајн преку е-библиотеката на веб-сајтот на Критинк.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.