gogo

A+ R A-


УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ„ИЛИНДЕН“ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ПРОЕКТОТ„МЕДИУМСКО ОПИСМЕНУВАЊЕ ЗА КРИТИЧЕН МЛАДИНСКИ СТАВ“

Медиумската писменост и градењето на критички став кон информациите и медиумските содржини беа тема на интерактивната работилница, што се одржа во ООУ„Илинден“ од Крива Паланка, на 5 декември 2019 година,во рамките на проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“, кој го спроведува Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а медиумски партнер е веб порталот„Аберџија“.

Вкупно 21 ученик од 9-то одделение се запознаа со основите на медиумската писменост и значењето на медиумите, а истовремено градеа вештини за критичко размислување и критички став за пораките и информациите што стигнуваат до нив. Посебено внимание беше посветено на заштитата од лажните вести и дезинформации, нивната цел за манипулирање со јавноста и креирање на мислење врз непроверени и сомнителни комуникациски извори. Со помош на едукаторот Синиша Пекевски, експерт за комуникации и односи со јавност, основците научија дека секогаш треба да ги проверуваат фактите за вестите што им ги нудат медиумите, особено социјалните мрежи, каде информацијата може да се менува и надополнува, а со тоа и да подлежи на „искривување“ на вистината и формирање на погрешен став за случувањата во општеството. Исто така, учениците истакнаа и повеќе идеи за младински активизам преку кој сакаат да ги артикулират своите потреби и барања во локалната заедница.

Центарот за аудиовизуелни уметности во идниот период во ова училиште ќе спроведе и едукативна работилница за безбедност и сигурност на интернет, а заедно со проектниот тим, основците ќе изработат и едукативни прилози, кратки видео пораки и младинска акција за медиумска писменост.

Проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ се реализира во рамките на проектот„Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“и ЕВРОТИНК-Центар за европски статегии од Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Фотографија на Центар за аудиовизуелни уметности.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска453
mod_vvisit_counterВчера5667
mod_vvisit_counterОваа недела38948
mod_vvisit_counterМинатата недела46511
mod_vvisit_counterОвој месец174450
mod_vvisit_counterМинатиот месец180147
mod_vvisit_counterВкупно13899204
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.