gogo

A+ R A-


Во Крива Паланка 90 барања за надомест на штети од поплавите

Вкупно 90 барања за надомест на штети од поплавите се поднесени до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетите од природни непогоди во општина Крива Паланка.

Poplavi_2013101791523– Кривопаланчани поднесоа вкупно 90 барања за утврдување на штетите од поплавите кои ја зафатија земјава во јануари, а од нив 75 се од страна на физички лица, додека 15 се од правни субјекти. Најголемиот дел од пријавените штети се однесуваат на оштетувања на станбени објекти, придружни објекти и материјални добра, информира претседателот на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетите од природни непогоди во општина Крива Паланка, Александар Ангелов.

Комисијата има за задача да изврши увид, процена и утврдување на висината на штетата зависно од видот, обемот и висината на штетата изразени во натура и вредносни показатели според подрачјето, дејноста, имотот, сопственоста, времето и причината на настанување на штетата.

– Извршен е увид на околу 40 отсто од вкупниот број пријавени штети. По увидот на сите локации комисијата ќе изготви извештај кој откако ќе биде усвоен од страна на Советот на општина Крива Паланка ќе се достави до Министерството за финансии на Република Македонија, појасни Ангелов.

Инаку, освен утврдувањето на штетата, според критериумите комисијата го утврдува и извршува обемот и висината на осигурувањето според општите и посебните правила на осигурување која се одбива од вкупно утврдената штета.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.