gogo

A+ R A-


Засеани 1.570 хектари житни култури во Крива Паланка и Ранковце

Во Крива Паланка, со есенската и пролетната сеидба на територијата на двете општини засеани се вкупно 1.570 хектари со житни култури.

zito

Според податоците регистрирани во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од нив во есента 2014 година житни култури се засеани на површина од 800 хектари, додека со годинашната пролетна сеидба засеани се 770 хектари.

Со есенската сеидба најмногу е засеан јачмен и тоа на површина од 400 хектари, потоа пченица на 340 хектари, додека на 30 хектари е засеан р’ж и на исто толкава површина останати житни култури.

И со пролетната сеидба годинава најмногу е засеан јачмен, на површина од 290 хектари, пченица на 220, овес на 110, по 60 хектари се засеани со р’ж и пченка, додека на 30 хектари се засеани останати житни култури.

Од земјоделски производи најмногу е засаден компир и тоа на површина од 120 хектари, додека на 2 хектари се засадени домат и пиперка, а од фуражни култури посеани се луцерка на 30 хектари и детелина на 10.

Ова се податоци кои се пријавени и евидентирани , инаку на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце постојат и останати индивидуални земјоделци кои засеале и засадиле на помали површини за задоволување на сопствените семејни потреби

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.