gogo

A+ R A-


Еве ја програмата за 6-ти септември, денот на ослободување на Кратово

http://www.kulturni-nastani.mk/GrbOpstini/kratovo_grb.pngСвечено одбележување на 6-ти Септември - 70 години од ослободувањето на Кратово, а воедно и одбележување на 70 години од ослободувањето на РМ и 70 години од одржувањето на  АСНОМ

Настанот ќе се одржи на 06.09.2014 год. (сабота) започнувајќи од 11.00 часот со положување на цвеќе пред Спомен - Костурницата во Кратово и останатите спомен - одбележја на паднатите борци.

11.45 ч. - Отварање на изложба „Кратово во НОБ“, Галерија на Музеј на град Кратово;

12.00 ч. - Отварање на изложба со дела од Детската ликовна колонија „Лазар Софијанов“ од Кратово, Галерија на Дом на култура „Лазар Софијанов“;

12.15 ч. - Свечена Академија во Мултимедијален центар (Кино сала) - каде освен поздравните говори на Градоначалникот на општина Кратово - Мите Андоновски, Претседателот на Организацијата на резервни офицери на РМ - Ѓорѓи Малковски и Претседателот на Сојуз на борци на Кратово - Миле Марковски, ќе следува и доделување на благодарници од страна на Организацијата и доделување на награди за најуспешна творба на конкурсот „70 години од ослободување“.

По сето ова следува Културно - уметничка програма со настап на КУД „Ефрем Каранов“ Кратово и настап на Кратовските тамбураши. 

Поканети се сите граѓани на Кратово достојно да ја прославиме Слободата на Татковината и да им оддадеме чест на оние кои ги положија своите животи за неа.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.