gogo

A+ R A-


ФЕЉТОН - КРАТОВО ВО ПАТЕПИСОТ НА АМИ БУЕ

Во книгата „Recuel d’itineraires dans la Turquie d’Europe“ од д-р Ами Буе, се собрани маршутите од „Европска Турција“коигеологот и патеписец ги поминал од 1836 до 1838 година. Низ Кратовскиот регион поминал неколку пати, Страцин се опишува во патеписот од Константинопол до Албанија преку Ќустендил и Скопје, а Кратово е опишано во патеписот од Крива Паланка (Егри Паланка) до Албанија, кога се движел преку Кратово, Истиб, Монастир и Елбасан.

„Патот од Егри Паланка до Каратова се спушта по Егридере Су (Крива Река), каде што се излегува од тесната долина и се влегува во долината на Страцин. Малку по Таш Ан, кој се наоѓа на тоа место, тргнавме на југозапад, а потоа на југ преку пусти возвишенија, понекаде покриени со мали гори. Требаше постојано да се качуваме и да слегуваме по патот низ ридовите. Највисоките точки кај Каратова се нарекуваат Вуковица, според г-дин Викенел. Патот од Страцин до Кратово врви по источниот крај на планинскиот венец и по мала патека се минува преку дабови гори кои се многу високо над дното на долината...“

altКога Ами Буе поминувал низ Кратово, градчето било опколено „само со ерозирани порфирни карпи, сиви или сини и оголени“. Забележува дека сите гори кои биле во непосредна близина одамна исчезнале поради оловните леарници. Запишал дека Кратово му изгледало дека се наоѓа во отворен кратер, а преку котлината минувале три мали потоци, кои преку летото пресушувале. Во градот се наоѓале високите оечки за извлекување на среброто од оловото. Ами Буе забележал дека не само мостовите, туку остатоците од старите згради кои ги видел, како и рушевините од храмови, сведочеле дека тој „чуден и неправилно поставен град“ е многу древен. Ја разгледал и околината, но го проучил и населението.

„Тие добри луѓе носат замотани бели крпи на главите. Само тие се единствените кои населуваат долини кои сѐ уште се непознати, затоа што се скриени во горите на опширните планини околу Кратово. Жителите на овој дел од Македонија во случај на востание би образувале едно јадро за напад и одбрана, заштитено од дивите планини кои се пресечени од многубројни долини во сите насоки...до сега тие планини биле главното скривалиште на ајдутите...“

Заедно со дел од народот кој живеел во Кратово, Ами Буе го посетил Лесновскиот манастир, во кој тогаш живееле игуменот и десет монаси. Живописната природа и природните реткости на овој регион го воодушевиле и се забележани во неговиот голем Зборник со патеписи.

м-р Никола Ристевски, Зборник за Кратово – книга прва

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска5618
mod_vvisit_counterВчера5196
mod_vvisit_counterОваа недела16652
mod_vvisit_counterМинатата недела47041
mod_vvisit_counterОвој месец186212
mod_vvisit_counterМинатиот месец153244
mod_vvisit_counterВкупно12372019
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.