gogo

A+ R A-


Отворен Инфо-центар за промоција на фасцинантниот локалитет „Куклица“

Отворен нов инфо-центар на локалитетот Куклица, сместен во кратовскиот регион и познат по камените кукли.  Дрвената градба вклучува галерија со информации за споменикот на природата, пункт за продажба на сувенири и промотивни материјали, како и училница за одржување научни и други јавни настани.

Целта на проектот е заштита на природните убавини и привлекување на што поголем број на туристи.

За изградбата на новиот објект, новите патеки и набљудувачки пунктови се инвестирани 65000 евра. Очекувањата се дека разубавената локација годишно ќе ја посетуваат околу 30.000 туристи.

На отворањето на новиот Инфо центар, како содржина која би била од голема важност токму за промоцијата на локалитеот, присуствуваше амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сахакјан и градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев.

„Прв збор што ми паѓа на памет овде е збород горд. Треба да сте горди на Евровизија, на првото место во ракомет во Европската лига на шампиони, на извештајот од Европската унија, на екоактивистите што ја чистат земјата, горди на бисерите на природата како што е овој во Куклица“, истакна Жбогар.

Тој воедно упати апел до власта, дека за да се биде горд, треба да се биде и одговорен кон природата и природните убавини, потенцирајќи и дека Охридското Езеро е навистина во опасност.

„Апелирам гордоста да не се претвори во срам. Втората порака е до граѓаните. Овде за проектот во Куклица сме партнери со УНДП и со општината, со невладината организација „Извор“ помогнавме да се реконструира и заштити овој споменик на културата и да донесеме повеќе туристи. Туристите не доаѓаат овде за да гледаат расфрлани шишиња по тревата и затоа мојот апел до граѓаните е да бидете горди и да ја зачувате чиста околината. Слоганот на нашата кампања е: „Чисто како дома исто“ и ајде да се обидеме да ја сочуваме природата“, посочи Жбогар.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1469
mod_vvisit_counterВчера4341
mod_vvisit_counterОваа недела1469
mod_vvisit_counterМинатата недела31802
mod_vvisit_counterОвој месец63856
mod_vvisit_counterМинатиот месец107143
mod_vvisit_counterВкупно11163257
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.