gogo

A+ R A-


Промоција на книга од Клетников и Коробар во петок во Кратово

alt

Во петок (22. 04. 2016 год.), 12 и 30 часот во просториите на Музеј на град Кратово ќе биде промовирана книгата „Земна и небесна екстаза“ – светска љубовна поезија и сликарство. 

Книгата што ја подготвија Ефтим Клетников и Климе Коробар е антологиски избор на поезијата на Соломон, Лермонтов, Хајне, Блок, Верлен, Лорка, Кович, Ацо Шопов и Анте Поповски. За секоја песна одделно свои уметнички дела подготвија современите македонски уметници Васко Ташковски, Владимир Георѓиевски, Павле Кузманоски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Решат Амети, Петар Попчев, Стефан Хаџиниколов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Симонида Филипова Китановска, Илија Спасовски – Чендо, Вук Митевски и Бернхард Холеман (Австрија).

Книгата е во издание на Асоцијацијата за ИКОН и Општина Центар – Скопје, а ќе ја промовира Ефтим Клетников и Климе Коробар, а наратор е актерот од театар Штип, Страшко Милошевски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.