gogo

A+ R A-


Ревија на балкански народни носии во Кратово, може да ја погледнете до крајот на месецот

alt

Во Музеј на град Кратово, синоќа свечено беше отворена изложбата на традиционални балкански народни носии во организација на општина Кратово и Ансамбл Македонија од Скопје. На изложбата беа претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, прикажани на фотографии и тоа од: Конавле - Хрватска,  Славонија - Хрватска, Посавина -  Хрватска, с. Летница - Хрвати од Косово и Метохија, Горна Морава - Косово и Метохија, Самоков - Бугарија, Харманли - Бугарија, Црна Трава - Србија, Пчиња - Србија, Црна Гора, Хрвати - Босна и Херцеговина. 

Изложбата ја отвори градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски кој во своето обраќање изјави:

 - Културните збиднувања се многу важен елемент од општественото живеење, затоа тие завземаат значаен дел од мојата програма за работа, бидејќи истите се нужно потребни за нашиот град. На Кратово како жив музеј му прилегаат вакви настани, затоа силно ќе ги поддржувам во интерес на збогатен културен живот на нашите граѓани. 

alt

alt

На изложбата со вокални изведби од Посавина - Хрватска се претставија и уметниците на Ансамблот Македонија од Скопје.

 - Идентитетот на еден народ се темели на фолклорот, традицијата, песната, орото, носијата. Вечерва имаме ретка можност да ги претставиме балканските народи преку нивната носија прикажани на оваа ревија овде во градот на кулите и мостовите што за нас претставува вистинско задоволство. Оваа изложба е дел од Меѓународната ревија на народни носии, проект, поддржан од министертсвото за култура на РС Македонија – изјави Проф.Др. Владимир Јаневски, редовен професор на катедрата за етнокореологија на музичката академија во Штип и менаџер на Ансамблот Македонија. 

Сите љубители на фолклорот и традицијата ќе можат да ја погледнат изложбата до крај на овој месец која ќе  биде отворена до 30 Ноември во галеријата на музеј на град Картово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2673
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9038
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец36948
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264535
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.