gogo

A+ R A-


„Верни на традицијата - горди на историјата“ - четврток во 11 часот

altВо рамки на проектот „Лидери на заедницата“, имплементиран од страна на здружението Регионален центар за одржлив развој од Кратово, а финансиски поддржан од ФООМ, се организира манифестацијата „Верни на традицијата - горди на историјата“. Настанот започнува во 11:00 часот на 01.10.2015г.(четврток), во Музеј на град Кратово, каде ќе биде промовирана публикацијата „Кратово - музеј под отворено небо“. По ова во „Домот на културата Лазар Софијанов“ ќе биде отворена Изложба на фотографии од порти и балкони од Кратово и кратовско, а ќе продолжи со посета на изложбената поставка во „Етно куќа Шанчева“. Манифестацијата ќе финализира со дегустација на традиционални видови храна во ресторан „КАНУ“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.