gogo

A+ R A-


Втора вечер во Кратово, на ред се тамбурашите, Оџила и повторно Икс-фактор

По вчерашната експлозија од емоции и позитивни вибрации, во Кратово денес е релативно мирно. Настапите на „Коки и тајфата“, на „Љубојна и Брас фантази“ ја кренаа атмосферата во градот на кулите и мостовите, а кулминацијата се случи некаде пред полноќ, кога Даниел, Тамара, Маид и „Доктори“ ја вжештија атмосферата до точка на вриење. Блицеви, врескање, кренати раце и насмевки – Кратово одамна немало толку многу позитивна енергија збиена во една вечер.
По синоќешната бурна вечер, забавата продолжува и денес. Музичката манифестација „Златни денови“ пулсира со несмален интензитет, а кратовци вечерва очекуваат ново незаборавно доживување. На барање на публиката, ѕвездите од Икс – фактор околу 22 часот ќе одржат и втор концерт, а на сцената ќе се појави и вокалот Жаклина Стевковска.
Во 20.30 ќе биде централниот настан, европскиот фестивал во тамбура. Љубителите на староградската музика ќе може да уживаат во звуците на тамбурашките оркестри од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Македонија. Околу 23 часот ќе настапи српската група „Оџила“ со звуците на руско-циганскиот мелос. По полноќ забавата ќе продолжи на градскиот базен со диџеј Панчо Шорти.
Инаку, по слободна проценка, синоќа во центарот на Кратово имаше над 3.000 гости. Кратовчани денес очекуваат уште помасовна посета. Кратово дефинитивно заслужи да ги живее своите златни денови.

(Фото: Промо)

(Фото: Промо)

фото - Телеграф

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.