gogo

A+ R A-


Донесен буџетот на Општина Пробиштип, тежи 205 милиони денари

Советот на Општина Пробиштип денеска на последната седница за 2016 година го усвои буџетот за 2017 година. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој денеска го презентираше буџетот вели дека според проекциите основниот буџетот за наредната година во рударската општина Пробиштип ќе изнесува над 205 милиони денари.

Средства кои ќе се приберат од наплатата на данокот на имот, продажба на градежно неизградено земјиште и од концесискиот надоместок фирмата Булмак, која годинава го рестартираше рудникот Злетово.

- Буџетот за наредната 2017 година е малку помал во споредба со тековната 2016 година. За 2016 година беше 209 милиони денари. Меѓутоа ние како општина се трудиме секогаш да биде димензиониран реален и токму затоа го предвидовме и овој буџет, вели Тоневски.

https://i.ytimg.com/vi/EMZJsaKor04/hqdefault.jpgТој истакна дека за наредната година се предвидени околу 50 милиони денари за асфалтирање на улици и локални патни правци во општината, а веќе за дел од нив е и почната тендерската постапка, а со почетокот на градежната сезона ќе почне и нивното асфалтирање.

- Овде ќе бидат улицата „11 Октомври", која почна да се гради, потоа улицата „Гоце Делчев", улицата „Славко Бајат", неколку улици во Злетово во должина од еден километар. Во должина од еден километар ќе се асфалтираат и улици во селото Пробиштип, има еден дел во селото Пробиштип, каде што не може да се асфалтира, таму ќе бидат поплочени тие улици, ќе се асфалтираат и улици во индустриските зони, каде што има лесна и незагадувачка индустрија, ќе се реконструира патниот правец за селото Стрмош, како и патот меѓу Долни и Горни Стубол и асфалтирање на патот за село Јамиште, рече Тоневски.

Градоначалникот на Пробиштип забележа дека за наредната година предвидени се и средства за изградба на улици и во неколку села. Смета дека изминатата 2016 година е успешна за градот Пробиштип, бидејќи се реализираа низа инфраструктурни инвестиции во градот и селата, се рестартираше и рудникот Злетово и се стави камен темелникот за изградба на леарницата во новата индустриска зона Неокази. Инвестиција од околу 15 милиони евра, во која се очекува да се вработат над 200 лица.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.