gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Како конфекционерката Сузана го оживеа ликот на кловнот Нино?

altСузана Спасовска е текстилен работник во една модна конфекција во Пробиштип. Но, таа има и втора професија, далеку позабавна и поинтересна од првата. Таа е омилен лик кај малите дечиња. Кловнот Нино е нејзиното „алтер его“ или второ Јас. Порталот „Аберџија“ ви ја пренесува приказната на Сузана како се родил кловнот Нино.
-Јас сум баба на четири внучиња. Од голема љубов кон моите внучиња, барав начин како да ги изненадам и направам среќни. Одлучив да станам кловн, и тоа на роденденот на мојата внука Мими. Идејата се покажа одлична, роденденот беше многу весел, а родителите на децата презадоволни од мојот настап. Од тогаш почнаа да ме канат на роденденските прослави и така тргна приказната со кловнот Нино - раскажува Сузана.
altНо, тука не застанала Сузана, туку ја проширила својата активност.
-Пред девет години се пријавив на првиот маскенбал во Пробиштип. Тоа беше малку чудно и аванградно, затоа што учесници на маскенбалот беа само деца и младинци. Имав спонтан настап пред голем број посетители и почувствував дека ја разбранував публиката и им предизвикав позитивни емоции. Таа година за влакно ми побегна наградата, но затоа станав маскота на пробиштипскиот маскенбал, кој прерасна во голема манифестација. Оттогаш десетина години го оживувам ликот на кловнот Нино и горда сум што и натаму опстојувам, на голема радост на моите најголеми критичари - децата, вели Сузана.  Оливер Арсовски

Фотографија на Maja Arsovska.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска286
mod_vvisit_counterВчера4096
mod_vvisit_counterОваа недела58617
mod_vvisit_counterМинатата недела42452
mod_vvisit_counterОвој месец144661
mod_vvisit_counterМинатиот месец124280
mod_vvisit_counterВкупно9840508
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.