gogo

A+ R A-


Лакрдија во Пробиштип: Домашните одбојкари статираа во третиот сет поради судиски кражби

Одбојкарите на „Пробиштип ВА“ не упеаја да се пласираат во финалето на одбојкарската лига, откако полуфиналниот двобој против ОК Струмица го загубија со 2-0. На вчерашниот реванш во Пробиштип, домаќините загубија со убедливи 0-3 (23-25, 16-25, 8-25), но вистинска лакрдија се случи во третиот сет, кога домашните одбојкари одбија да пружат отпор, препуштајќи го сетот без борба на противникот. Од домашниот табор дознаваме дека судијата судел тенденциозно, на очигледна штета на домашниот тим, не дозволувајќи им ниту најмала шанса да извлечат позитивен резултат. Покрај судиските грешки, им биле исклучени дури три играчи, по што пробиштипјани во знак на револт одиграле трет сет кој наликувал на играта серва, каде повеќе се користеле нозете и главата за игра, отколку играње со раце.
Останува да видиме дали Одбојкарската федерација ќе се одлучи да го санкционира судењето на арбитрите, или можеби ќе удри по одбојкарскиот клуб „Пробиштип ВА“.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.