gogo

A+ R A-


Пожар пеплоса три дуќани во Пробиштип

alt

Ноќеска педесетина минути по полноќ избувнал пожар во еден од дуќаните наоѓаат на Градскиот плоштад во Пробиштип. Од пожарот биле зафатени три дуќани од кои една слаткарница, продавница за чевли и земјоделска аптека.

- По дојавата за пожар територијалната противпожарна единица беше активирана и за кратко време со три возила и осум пожарникари пристигнавме на местото на настанот. Пожарот кој имаше поголеми размери го локализиравме за еден час и не дозволивме негово ширење на околните дуќани, изјави Васе Митрев, командир на ТППЕ на Пробиштип.

Според Миливој Николовски, сопственик на слаткарницата, пожарот бил забележан од вработените и тоа во нивните простории.

- Дваесет години работам во овој дуќан и вакво нешто досега не се има случено, изјави Николовски.

На местото на настанот се наоѓаат увидни екипи кои ја проценуваат настаната штета, која според сопствениците на трите опожарени дуќани е мошне голема.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.