gogo

A+ R A-


Се санира свлечиштето кај пробиштипско Неокази

alt

„Екипи на Македонија пат“ и денеска го санираат свлечиштето на патот кон Пробиштип кај селото Неокази, а овој регионален пат е затворен за сообраќај.

Техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“ Кире Коцев вели дека асфалтот во должина од 50 метри е пресечен, ископан е ров и извадена е влажна глина.

- Сега правиме природна дренажа со крупни камења и во текот на денот треба да ја завршиме дренажата, по што ќе тампонираме и се надевам дека во текот на утрешниот ден патот ќе го отвориме за сообраќај, вели Коцев. 

Тој информира дека свлечиште се појавило и на патот Радовиш-Конче во близина на село Дедино, каде што сообраќајот се одвива во една коловозна лента и се поставени знаци со кои се предупредуваат возачите внимателно да возат.

На магистралниот пат од виничкото село Истибања до Делчево се појавуваат одрони од камења, кои паѓаат од карпите на коловозот, но и таму екипите на Македонија пат редовно го чистат патот. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.