gogo

A+ R A-


Порталб: Руска пропаганда е дека земјите од Западен Балкан пратиле платеници да се борат во Украина

Фото: колаж на Порталб
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/black-photo-collage-calendar-8-1-750x430.png

Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон име е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди дека ниту еден нејзин граѓанин не отишол да се бори за Украина, пишува Порталб.мк.

Од Ардит Рамадани

Претседателот на Русија, Владимир Путин, никогаш не се изјаснил за поддршката што Косово и ја дава на Украина околу последните настани, а уште помалку изразил загриженост за тоа.

„Путин фатил уплав“ / Граѓани  на Косово се мобилизираат „да ја бранат Украина!“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Насловот на оваа вест е тенденциозен и манипулативен, а пред сè, тврди нешто што не е точно, бидејќи, не само дека Путин не фатил уплав, туку ниту граѓаните на Косово не се мобилизирани да ја бранат Украина. Точна е веста дека амбасадорот на Украина во Република Албанија изјавил дека имало Косовари заинтересирани да ја бранат Украина од Русија, но освен оваа изјава, нема други докази кои го поткрепуваат ова тврдење.

 Генезата на оваа дезинформација е од руски ТАСС и на рускиот министер за надворешни работи Лавров

Неколку дена претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина „регрутира“ платеници од Косово, Албанија и Босна и Херцеговина за да ја бранат.

„Има информации дека се регрутираат платеници од Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, за да ја изместат Русија од баланс и ги праќаат во разни места  вклучувајќи го и Донбас“, рекол Лавров.

Потоа, такви неточни информации имаше и руската новинска агенција ТАСС. Веднаш по ова, Министерството за надворешни работи на Косово го демантираше рускиот министер и руската новинска агенција ТАСС, наведувајќи дека нема Косовари што отишле да се борат во Украина, бидејќи тоа е забрането и со закон.

„Ги информираме рускиот министер Лавров и руската новинска агенција ТАСС, дека Република Косово со закон го има забрането учеството на своите граѓани во војни во странство и овој закон предвидува строги казни за секој нејзин државјанин кој може да биде дел од такви активности, се вели во реакцијата на МНР.

Министерството оценува дека изјавите на агенцијата ТАСС и министерот Лавров се дел од жестоката кампања на руската пропаганда, која според нив има за цел да го привлече вниманието на целиот демократски свет.

„Оваа жестока руска кампања против Косово и другите земји од Западен Балкан, меѓу другото, има за цел да ја ескалира ситуацијата во Косово и пошироко во регионот преку рускиот сателит на Балканот, Србија. МНР ја изразува целосната солидарност на народот на Косово со народот на Украина за правото на слободен и суверен живот во сопствената држава. Република Косово повикува на намалување на тензијата и избегнување на конфликтот, кој може да добие непредвидливи размери, се вели во соопштението на косовското МНР.

Инаку, во соопштението на ова министерство, се вели дека Косово му се придружува на демократскиот свет во осудата на руската хегемонистичка и експанзионистичка политика на штета на суверената и независна држава Украина.

Да заклучиме, дезинформација е дека има официјална мобилизација за испраќање Косовари да се борат во Украина и дека Путин „фатил уплав“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.