gogo

A+ R A-


Битка на титаните, а сега второлигаши: Силекс-Вардар 16 часот недела

Некогаш беше дерби над дербињата, на два тима со огромен антагонизам еден кон друг. Нивните мечеви ги полнеа трибините до последно место, на теренот се случувало вистинска војна, по мечевите се демолирале автобуси, се кршеле излози.
Дваесеттина години подоцна, дуелот меѓу Силекс и Вардар буди носталгија за старите времиња кога за фудбалот се гинеше до последна капка крв. Денес клупскиот фудбал во земјава е уништен, нашата лига е на дното во Европа според квалитетот, а некогашните великани дочекаа своето дерби да го играат со предзнакот „второлигашко“. Чудно, но вистинито.
Како и да е, денес по подолго време љубителите на фудбалот (оние вакцинираните) се очекува да дојдат во поголем број и да се потсетат на големото ривалство што некогаш постоеше меѓу двата клуба. Мечот се игра во Кратово, денес (недела) со почеток во 16 часот. СИЛЕКС-ВАРДАР 1-3 - YouTube

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.