gogo

A+ R A-


Бобан Мариќ: Имаме двоен мотив за да го победиме Металург

altДосега се нема случено љубителите на фудбалот во Кратово да гледаат три последователни прволигашки кола на домашен терен. Тоа се случи годинава, кога распоредот посака Силекс првите три пролетни кола да биде домаќин, прво на Вардар (0-3), па на Тетекс (3-1), и денес на Металург.
-Нема лесни противници во оваа фаза од првенството, денеска ќе мора добро да се намачиме за да го победиме младиот состав на скопски Металург. Имаме сили за такво нешто, имаме и двојна мотивација за победа. Со победа дефинитивно ќе бидеме многу поблиску до плеј-оф, отколку до плеј-аутот, а во игра сме и за премија која добро ќе ни дојде. Неблагодарно е да се типува, но еве јас мислам дека ќе победиме 2-1, истакна напашачот на Силекс, Бобан Мариќ.

Судија на мечот е Дејан Јакимовски, а пресметката започнува во 14 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.