gogo

A+ R A-


Боби Георгиев: Пофалбите за Работнички, бодовите за Силекс

altДенес е денот Д за фудбалерите на Силекс и Работнички, по денешниот ден некои работи би можеле да станат појасни, но би можеле и максимално да се искомплицираат. Во Кратово (13 часот) играат два претенденти за третата позиција која води во Лига Европа, тимови кои имаат квалитет и знаат да играат фудбал. Доколку одиграат фајтерски, публиката би требала да ужива во тие 90 минути, но не е исклучено поради важноста на бодовите да гледаме калкулантски фудбал без многу убавина и уживање. Силекс е во предност од цели пет бода пред денешниот ривал, а со нови три, тоа ќе бидат големи капитални осум бода разлика (гостите имаат заостанат меч против Вардар).
-Работнички, исто како и ние, во последно време игра во врвна форма и не знае за пораз. Во машка игра, со голема борбеност од наша страна, сметам дека сме моќни да го совладаме нашиот противник и да освоиме извонредно значајни три бода. И бод нема да биде неуспех, но ние на секој меч атакуваме на трите бода. Го знаеме квалитетот на Работнички, тие имаат одлични индивидуалци на секоја позиција. Но, мое мислење е дека исходот на овој меч нема да зависи од гостите, туку од нашиот пристап. Ако одиграме како што знаеме, бодовите остануваат во Кратово - вели младинскиот репрезентативец Боби Георгиев, од кого се очекува погодок на овој меч.
Судија на мечот ќе биде охриѓанецот Марјан Марковски.
Изненадување е тоа што во онлајн обложувалниците благ фаворит е Работнички, со квота 2.40 за победа, додека триумфот на Силекс се вреднува со 2.70.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.