gogo

A+ R A-


Додев: Не сакаме да презимиме како „фенерџии“, мора да падне Беласица

Денешниот меч во Кратово меѓу Силекс и Беласица(13 ч.) ќе расчисти една дилема, кој од овие два тима ќе презими на последното место на табелата. Од друга страна, победникот на овој меч може лесно да побегне од последните две позиции кои водат во Втора лига и да се најде на позицијата која носи бараж.
-Добро знаеме колку е значаен овој меч за нас, но не помалку и за противникот од Струмица. Ова ќе биде меч на полусезоната, меч кој ние мораме да го добиеме за да го избегнеме последното место. Искрено, не сакам да завршиме како „фенерџии“ и два месеци да го носиме тој тежок товар. Затоа, со сите сили, и со поддршка на публиката, ќе тргнеме по трите бода. Денес времето во Кратово е прекрасно, сончево, ги повикувам љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и заедно да славиме - вели брзоногиот крилен напаѓач на Силекс, Дарко Додев, кај кого се забележува голем напредок во играта.
Судија на денешниот меч ќе биде интернационалецот Димитар Мечкаровски. Неговото богато судиско портфолио гарантира дека кратовци ќе имаат фер судење, какво немаа на неколку меча претходно.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.