gogo

A+ R A-


ФИЛИП ДУРАНСКИ - играч на есенската полусезона во ФК Силекс

altДекември е месец кога фудбалската топка мирува на терените низ земјава, а почнуваат анализите на постигнувањата на клубовите и фудбалерите во изминатиот период. Порталот АБЕРЏИЈА во следните неколку денови ќе направи анализа на настапот на ФК Силекс во есенската полуетапа, со осврт на перформансите на играчите кои ја одбележаа оваа есен.
Можеби на клубот не му одеше најдобро, затоа што заврши на осмата позиција на табелата, напуштајќи го последното место со триумфот над Беласица во последното коло, но затоа еден играч заслужи да го понесе епитетот ИГРАЧ НА ЕСЕНСКАТА ПОЛУСЕЗОНА - ФИЛИП ДУРАНСКИ.
altПовратникот во редовите на Силекс одигра полусезона за паметење, со 17 настапи во 18 есенски кола. Притоа постигна и еден гол, оној против Македонија ЃП за гостински 1-1, а заработи и 6 жолти картони, поради што пропушти еден меч. Играше константно, без осцилации во играта, со максимална мотивација и со лидерски квалитети. Во тешки моменти за тимот, ги бодреше соиграчите да се кренат психолошки, за него не постоеше загубена топка и загубен меч. Во неколку ситуации беше изнесуван од теренот со болна гримаса на лицето, но кога никој не очекуваше, ќе стегнеше заби и се враќаше на теренот.
За него се заинтересирани и неколку домашни и странски клубови, кои го препознаа неговиот квалитет. Се надеваме дека нема да го напушти клубот, затоа што тоа ќе биде ненадоместлива загуба во моментите кога Силекс го очекува грчевита битка за опстанок во лигата. Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.