gogo

A+ R A-


Гурбанов: Силекс е офанзивен тим, без поддршка од навивачиte ќе му биде тешко на Карабах

Стратегот на Карабах, Гурбан Гурбанов, во пресрет на утрешниот дуел со Силекс во рамките на 1.квалификациско коло во ЛШ, одржа прес конференција, на која покрај другото го кажа и следното…

„Го гледавме Силекс на неговите два последни меча. Овој тим сака да игра со топка, тоа може да ни направи проблеми. Не знаеме на какви изненадувања се подготвени гостите. Факт е дека имаме проблеми со теренот на стадионот “Тофик Бахрамов“, кој не е во добра состојба. Видете во Европа нема слаби тимови. Факт е дека кај нас е искуството, но Силекс не смее да се потцени, тоа никако. Штета што утре ќе се игра пред празни трибини. Нашите навивачи се нашата сила, место да имаме поддршка од 20.000- 25.000 гледачи, ние ќе играме пред празни трибини. Затоа велам дека празните трибини ќе бидат предноста за Силекс. Инаку видов дека Силекс игра офанзивно, нивните напади се многу брзи, обично десниот бек постојано е во нападот, мораме да бидеме внимателни, и да ги спречиме тие напади. Што се однесува до Карабах тука нема дилеми, мораме да бидеме одговорни“ изјави тренерот на азербејџанскиот шампион.

ФОТО ВЕСТ: Силексовци пристигнаа во Баку!

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.