gogo

A+ R A-


Ќе се игра ли фудбал во Македонија на +35 Целзиуси заради интересот на 2-3 клуба?

New rules: Flat footballs

Фудбалската федерација на Македонија пред претставниците на клубовите денес презентираше три можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020. Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија, а одлуката за првенството од Прва МФЛ ќе ја донесе Фдубалската федерација на Македонија.

Во продолжение трите можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ предложени од натпреварувачката комисија на ФФМ:

1. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј - оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;

2. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј - оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;

3. Прекин на првенството и Купот на Македонија;
Сето тоа е убаво, доколку Македонија беше Германија, а нашата лига слична на Бундес-лигата, а условите на нашите стадиони слични на оние на Алианц арена. Арно ама, работите во Македонија изгледаат дијаметрално спротивно од оние во Германија. Да тргнеме од последното. Во нашата земја нема стадиони кои овозможуваат ноќни натпревари, освен националната арена (од која сите бегаат бидејќи немаат пари да платат) и стадионот во Струмица. Фудбал ќе се игра во јуни и јули, на плус 35 степени, во термини од 17.30 часот. И тоа во ритам среда - недела. Ако некој го истурка ова сценарио на ФФМ, тогаш летово ќе броиме жртви не од корона вирус, туку од колабирања на фудбалери на кои не им е до фудбал, кога цел нормален свет е на плажа и во дебела сенка.
Второто сценарио е глупост од невидени размери. Да се играло фудбал, а да се немало испаѓање од лигата. Четирите екипи кои ќе играат плеј-аут на плус 35 целзиуси ќе играат мечеви без никакво натпреварувачко значење. Или, можеби ќе играат за полнење на џебовите со матни игри поврзани со обложувачките билтени.

И дали некој во ФФМ размисли дека клубовите со 5-6 странци ќе бидат хендикепирани во однос на оние што немаат или имаат 1-2 интернационалци. Реално гледано, странците поради затворените граници, но и потребните подготовки, ќе можат да настапат при крај на јули, кога се очекува првенството да заврши.
И најважното. Да не беа парите кои ги дава УЕФА како награда за учество во еврокуповите, нашето првенство ќе завршеше на 10 март. После овој датум, никому веќе не му е до игра. Но, откако стана јасно дека Вардар 99 посто нема да ја добие потребната лиценца за настап во Европа, сега главен поборник за продолжување на првенството е тетовска Шкендија, која се надева дека ќе го мине Силекс на табелата и ќе го зграпчи „милионот“ од УЕФА. Притиска и Шкупи, коj се надева дека ќе се најдe на позиција која обезбедува 250.000 евра награда од УЕФА. Ако ФФМ им вети на Струга и Борец дека нема да има испаѓање, ќе ја добијат согласноста и од нив за доигрување на првенството.
Ете, тоа се македонските фудбалски парадокси. Пред десетина дена никому не му се играше фудбал, а сега, откако за некои заигра стапот, а на некои имсе понуди морковот, најверојатно фудбал ќе има.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска410
mod_vvisit_counterВчера6058
mod_vvisit_counterОваа недела18786
mod_vvisit_counterМинатата недела43302
mod_vvisit_counterОвој месец12348
mod_vvisit_counterМинатиот месец221684
mod_vvisit_counterВкупно12813340
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.