gogo

A+ R A-


Не заигра ни минута во Ботев, Тимовски спогодбено раскина со бугарскиот прволигаш

altПред неполн месец потпиша за новиот бугарски прволигаш Ботев Враца, а не дочека да заигра ниту една минута на официјален меч во новиот клуб. Ова му се случи на пробиштипјанецот Ангелче Тимовски, кој од денес повторно е слободен играч во потрага по нов клуб, откако спогодбено го раскина договорот со Ботев. Неофицијално дознаваме дека клубот не ги испочитувал договорените услови со Тимовски, па од тие причини поранешниот играч на Силекс одлучи да си замине од таборот на Ботев Враца.
Сега на потег се македонските клубови, кои добро се запознаени со квалитетите на Тимовски, иако не е исклучена опцијата Тимовски повторно  да направи интернационален трансфер.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.