gogo

A+ R A-


„Распад“ во Пелистер, Силекс би можел административно во Прва лига?

Пелистер е пред распад, во големи финансиски проблеми, со речиси никакви шанси да продолжи следната сезона во елитното друштво. Тоа пак отвара шанса за тимот на Силекс административно да се врати во елитата, но откако претходно би се откажале неколку второлигаши.

Пелистер до 15 јули мора да пријави 12 регистрирани фудбалери со професионални договори, засега битолчани имаат само тројца. Според нашите извори битолчани нема шанси тоа да го сторат, зошто клубот едноставно не функционира. И затоа Пелистер во следната сезона ќе игра во ВМФЛ – ЗАПАД, а еден клуб од оваа лига ќе може да игра следната сезона во елитата.

Предност има Охрид, како второпласиран од минатата сезона и клуб кој побарал лиценца со оглед на тоа дека играше бараж. По него следуваат Гостивар и Велешта, но прашање е дали тие клубови, па и сите останати кои лани играа на западот ги исполнуваат условите за настап во ПМФЛ. Јасно е дека не ги исполнуваат.

Дури тогаш на ред доаѓаат екс – “прволигашите“, кои тоа беа до вчера. Тоа се Вардар и Силекс, а предност имаат кратовци зошто беа подобрапласирани на табелата во ПМФЛ минатата сезона.

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2858
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9223
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37133
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264720
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.