gogo

A+ R A-


Шкендија пресилна, прв пораз на Силекс

altИако потајно се надеваа на продолжување на серијата на непобедливост, фудбалерите на Силекс во седмото коло го доживеаја првиот пораз. Поразот од 3-0 е дефинитивно превисок и не ја одразува реалната слика на она што се случуваше на теренот. По заканувачката пречка на Кировски уште во првата минута, на водството на домаќините се чекаше 28 минути. Иван Митров се одлучи на удар од 20 метри, топката лошо отскокна на влажниот терен и го измами немоќниот Ников.
Сосема друга приказна ќе беше мечот доколку Силекс го израмнеше резултатот во 48-та минута. Велинов успеа да се избори за пенал, но за жал Дурански шутираше високо над голот и шансата отиде во неврат.
Тоа им даде крилја на домаќините, кои до крајот реализираа уште два пати. Првин Кировски, а во судиското продолжение и Вручина го дотолчија Силекс, поставувајќи ги конечните 3-0.
Овој пораз не смее да ја наруши одличната атмосфера во составот на Здравков и Штерјовски, туку треба да ги поттикне со добра игра да прокнижат нови три бода веќе в недела со Брегалница.

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3-0
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2
ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 3-0
Х.ТУРНОВО – МЕТАЛУРГ 1-0
(19 Ч.) ВАРДАР – РЕНОВА

Табела: Вардар 14 (-1),

Пелистер 13,

Силекс 12,

Шкендија 11, Металург 11, Работнички 10, Х. Турново 10, Ренова 8 (-1), Брегалница 3, Тетекс 2.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.