gogo

A+ R A-


Силекс е во неверојатна серија од 10 меча без пораз, Струга е новиот предизвик

Ако се погледне статистиката, не е чудо што кратовски Силекс зачудувачки се најде при врвот на првенствената табела. Верувале или не, кратовци се во неверојатна серија од 10 меча без пораз, девет во првенството и еден во купот. Избраниците на Симов последниот пораз го забележаа во октомври на гостувањето кај шампионот Шкендија, а оттогаш нанижаа 5 победи и 4 ремија во првенството и едно реми во купот.
Дали серијата ќе продолжи , зависи од играта што кратовци денес (14 часот) ќе ја прикажат на гостувањето кај Струга ТЉ. Домашниот тим стартуваше со два пораза без постигнат гол, па денес ќе сака да се вади, а тоа е одлична шанса за кратовци да ги зграбат трите бода и да ја нападнат втората позиција на табелата, каде засега е Шкендија.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.