gogo

A+ R A-


Силекс гази се пред себе, Танушев го „реши“ Охрид

По само три одиграни кола, фудбалерите на Силекс ја покажаа својата класа и со три победи се наоѓаат осамени на врвот, единстевни со стопроцентен ефект. Попладнево во Охрид беа подобри од домаќинот, совладувајќи го со 1-0 со погодокот на Ѓорѓи Танушев, кој се врати на  најдобар можен начин на фудбалските терени.
Вардар со 2:0 ја победи Воска Спорт во дербито на 3.коло кое се одигра во Маџари. Стрелци на головите беа Наумоски во првиот дел и Костовски во второто полувреме. Видовме интересна и квалитетна битка, и победа на вардарци.

Тетекс и Кадино одиграа 1:1 во меч кој се играше во Боговиње. Беса со 2:0 на гости го победи Гостивар, а Кораби пак со 1:0 триумфираше над Велешта.
Следната сабота ќе биде вистинска фешта во Кратово, доаѓа уште еден директен конкурент за врвот, Воска Спорт од Охрид.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

ОХРИД – СИЛЕКС 0:1

ТЕТЕКС – КАДИНО 1:1

ГОСТИВАР – БЕСА 0:2

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА 1:0

ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 2:0
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.