gogo

A+ R A-


Силекс го допре дното, следува борба за „гол опстанок“

По денешниот пораз од Шкендија, фудбалскиот прволигаш Силекс го допре дното и се најде на позиција која води во второлигашкото друштво. Единствено одамна отпишаната Беласица стои полошо на прволигашаката табела, додека кратовци се заковани на претпоследната позиција, со очајна сезона во која на 25 меча собраа само 26 бода. Со само една победа на последните 11 мечеви, избраниците на Горан Симов си ги намалија шансите за директен опстанок, а се чини и баражот може да остане недостижен доколку не се подобри играта и бодовното салдо. Делува неверојатно, но сите се прашуваат како е можно тимот кој летово играше во квалификациите на Лигата на шампиони, со многу мали играчки промени, годинава да заборави да игра фудбал и да се најде на ова дереџе.
Се чини, една од можните причини за вака лошиот пласман на табелата лежи во домашните настапи на Силекс. Ако низ годините стадионот во Кратово важел за неосвоива тврдина, тоа веќе не важи. Кој стигна однесе бодови од Кратово, па дури и една Беласица си замина со полн плен. Само 3 победи на домашен терен на 12 мечеви, тоа е доволен индикатор кои бодови недостигаат на контото  на Силекс.
Силекс во следните три кола ќе биде на голем тест. Следува домашен меч со Вардар, па две гостувања на Пелистер и Ренова.
Јунаците се познаваат кога се на голема мака.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска4388
mod_vvisit_counterВчера8192
mod_vvisit_counterОваа недела24722
mod_vvisit_counterМинатата недела61516
mod_vvisit_counterОвој месец110274
mod_vvisit_counterМинатиот месец211270
mod_vvisit_counterВкупно14804396
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.