Распадот кој владее во прилепска Победа го искористи Силекс, кој успеа да го договори и потпише Даниел Карчески, а од Прилеп во Кратово се врати на Ангелче Тимовски. Претходно кратовци потпишаа и со крилото на Тиквеш, Иван Ивановски, како и со Кристијан Костовски од Македонија ЃП.

















