gogo

A+ R A-


Силекс ќе се соочи со косовска Дрита во Лига Европа

Ако во квалификациите за ЛШ кратовци немаа среќа и налетаа на силниот Карабах, во жребот за ЛЕ сотсавот од Кратово имаше среќа. Силекс ќе игра дома против косовска Дрита Гњилане во „соседското дерби“ во второто коло од квалификациите во шампионската група во Лига Европа.

Кратовци успеаа да ги избегнат многу посилните и понезгодни екипи како Арарат, Астана, Динамо Тбилиси, па го добија на денешната ждрепка во Нион, единствениот неносител во својата група, Дрита, која ја води поранешниот тренер и фудбалер на Шкупи, Ардијан Нухии.

Дрита испадна од квалификациите за ЛШ, поради позитивни случаи на коронавирус уште за време на претквалификациите, па сега ќе се соочи со кратовци во мечот кој според програмата треба да се игра на 17 септември.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.