gogo

A+ R A-


Силекс - Металург 0-1

Металурзите владеат во „градот на рударите“

пишува - Оливер Арсовски

Прелесни три бода освоија фудбалерите на Металург на гостувањето против вчера индиспонираниот Силекс. Кратовци на домашен терен продолжија во стилот "топло-ладно", па откако разочараа против Милано, па блескаа против Победа, повторно потфрлија против мотивираниот состав од Автокоманда.
Првите 45 минути минаа во потполна доминација на гостинските фудбалери кои господареа на секоја педа од теренот, а притоа создадоа и 3-4 зрели прилики кои останаа нереализирани. Илијоски, Трајчев и Вајс можеа уште по првите 45 минути да му донесат на својот тим сигурно водство, но беа неснаодливи пред домашниот гол или пак, голманот Божиновски правеше чуда на голот. За индиспонираноста на Силекс говори првиот упатен удар кон голот, и тоа непрецизен, дури во 43-тата минута преку Глигоров.
Веројатно советите во соблекувалната помогнаа, па веќе во првата сериозна акција во 56-тата минута "металурзите" поведоа. Едно навидум безопасно уфрлување на Трајчев од речиси центарот на теренот, заврши на петерецот, каде заспаната одбрана на Силекс само со поглед го проследи ударот со глава на Илијоски во долниот лев агол на домашниот гол. Сепак, водството како да ги разбуди кратовци кои тргнаа на се или ништо, а гостите беа принудени на моменти да се бранат со единаесет играчи. Сепак, доминацијата во следните дваесеттина минути не успеаја да ја претворат во погодок Марковски и Темелков, па малку недостигаше на спротивната страна во последните минути да казни Кралевски и да ја осигура победата на својот тим.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.