gogo

A+ R A-


Силекс очекува 3 бода на зелена маса, Шкендија играла без младинец во составот

Единствениот македонски спортски весник „Македонски Спорт“ пишува за голем пропуст на мечот Шкендија - Силекс, кој тетовци го добија со резулат 2-1. Тетовските „црвено-црни“ го одиграле дуелот од првото коло без младинец во составот кој е задолжителен. Напишан е Шчиприм Таипи, меѓутоа тој е странец и за него не важи. Ќе следува „бура“ во мак фудбалот после оваа грешка.

http://www.gol.mk/match/Soccer-5413-5407.jpgШкендија направила пропуст за натпреварот со Силекс во првото коло. Тетовскиот тим настапила без младинец во составот, кој е задолжителен од пред две сезони, односно во стартниот тим мора да има играч под 21 година и да игра минимум едно полувреме. Кај вицепрвакот тој е Шчиприм Таипи, меѓутоа истиот е странец со пасош од Србија, па така не важи за него тоа правило, односно играчот под 21 година мора да е со македонски пасош.

Оваа грешка може да ги чини тетовци не само одземање на победата, туку и одземање на бодови од салдото, па да стартува со минус во новата сезона. Ова е пропуст на тетовскиот тим, а според правилникот треба да заработат казн со одземање од три до 12 бодови.

Останува да се види каква развршница ќе има овој случај со оглед дека пропустот е направен и сега на потег е ФФМ која ќе треба да реагираат. Младински играч е задолжителен меѓу првите 11, односно фудбалер кој има под 21 година во стартната постава. А кај Шкендија тоа го немало на дуелот во понеделникот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.