gogo

A+ R A-


Силекс - Шкупи 1-1, дали судијата Ралевски ги исфрли кратовци од Купот?

Фудбалскиот клуб Силекс доживеа елиминација во осминафиналето на Купот, која дефинитивно оди на душа на судиската тројка од Битола предводена од судијата Благојче Ралевски.
По воведните 0-0 на Чаир, кратовци рано поведоа со погодокот на Додев во 11-тата минута. Клучниот момент се случи во 14-тата минута, кога голманот на Шкупи, Алексовски, направи класичен пенал врз Дарко Додев. И наместо најстрога казна, Ралевски одмавна со рака не сакајќи да види прекршок и да досуди најстрога казна, која веројатно ќе значеше елиминација на Шкупи од Купот.
Оваа очигледна судиска неправда се покажа кобна за кратовци, затоа што во финишот на мечот примија погодок и останаа без четвртфинале во Купот.

Во таборот на Силекс се револтирани и огорчени од фудбалската федерација, и јавно прашуваат кој, зошто и во чиј интерес на дерби натпреварот од осмина финале на КУП на Македонија делегира судија кој во изминатиот период од натпреварувачката сезона има судено исклуиво натпревари од  младински лиги.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3354
mod_vvisit_counterВчера7091
mod_vvisit_counterОваа недела3354
mod_vvisit_counterМинатата недела47041
mod_vvisit_counterОвој месец172914
mod_vvisit_counterМинатиот месец153244
mod_vvisit_counterВкупно12358721
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.